Баскет КАМ и Бадел во различни групи во Јадранската лига

Македонските претставници во регионалната Јадранска кошаркарска лига во женска конкуренција денеска ги дознаа своите противници од групната фаза за сезоната 2021/22.

Македонскиот првак Баскет КАМ е дел од групата „Б“ заедно со екипите на Партизан 1953, Будуќност Бемакс, Триглав, Монтана 2003, РМУ Бановиќи и Пламен Пожега.

Вицепрвакот Бадел 1862 ќе се натпреварува во групата „А“ против Орлови, Берое, Цинкарна Целје, Феникс, Војводина 021.

Во првото коло од женската Јадранска лига, кое ќе се игра на 22. септември, екипата од Македонска Каменица, ќе биде домаќин на екипата Пламен Пожега, додека пак, една недела подоцна, на 29. септември, „баделки“ ја дочекуваат екипата на Цинкарна од Цеље.

ГРУПА А: Орлови, Берое, Бадел 1862, Цинкарна Целје, Феникс, Војводина 021

ГРУПА Б: Партизан 1953, Баскет Кам, Будуќност Бемакс, Триглав, Монтана 2003, РМУ Бановиќи, Пламен Пожега.

Back to top button
Close