Батлер: Ситуацијата во Мајами е таква каква што е

Најдобриот кошаркар на Мајами хит, Џими Батлер го коментираше неговиот статус во тимот.

По суспензијата од седум натпревари, Батлер се врати во стартната постава во петокот во поразот на домашен терен од Денвер со 113:133.

Батлер беше суспендиран поради однесување оценето како штетно за тимот.

Фото: МИА

Тој одигра 33 минути и постигна 18 поени, шутирајќи 7 од 15 од поле, а додаде и три скока и две асистенции.

– Во овој момент, мислам дека се се сведува на кошарката. Знам што се очекува од мене додека сум овде и ќе се обидам да го направам тоа на најдобар можен начин, но ситуацијата е таква каква што е, изјави 35-годишниот кошаркар.

Тоа беше негов прв натпревар откако Хит ја потврди желбата на ѕвездениот кошаркар да менува тим.

Back to top button
Close