Баварија воведува тест за новиот коронавирус за сите лица кои се враќаат од ризични региони
Од полноќ германската покраина Баварија воведува тест за новиот коронавирус за сите лица кои се враќаат од ризични региони.
Според одлуката на баварската Влада, тестот мора да се направи во странство и не смее да биде постар од 48 часа, а мора да се достави до надлежните здравствени органи најдоцна во рок од 72 часа по враќањето во државата. Покрај тоа, останува строг режим на карантин, што значи дека секој што ќе се врати од одмор мора да биде во домашна изолација десет дена по пристигнувањето во Баварија.
Тој карантин може да се прекине најрано на петтиот ден од изолацијата со доставување негативен тест.
Премиерот на Баварија, Маркус Седер, кој е во карантин поради инфекција на соработник, објави дека покраината воведува задолжителен тест за повратниците од одмор, бидејќи одморот не смее да претставува ризик за другите.