Базените се безбедни, но треба протоколи за соблекувалните

Базените се меѓу економските субјекти кои остануваат затворени во претстојниот период и за нив се разговарало за протоколи. Според министерот за здавство Венко Филипче, тие се безбедни, но протоколи ќе требаат за соблекувалните.

-Имаше состанок и со нив на кој се разговараше за протоколите. Тие се, практично спремни, и побараа и тогаш, пред повеќе недели, да се наполнат. Базените се сосема безбедни, протоколите се однесуваа, пред се, на соблекувалните, рече Филипче.

Back to top button
Close