Беџети-„Голем скандал“ во државата станало тоа што моите полнолетни деца отвориле фирма законски,
Пратеникот од ДУИ Блерим Беџети со сакасичен тон ја коментираше денешната информација дека не пријавил во ДКСК дека неговиот син и ќерка формирале градежна фирма пред три месеци . Еве ја интегрално неговата реакција објавена од него на фејсбук
РЕАКЦИЈА
Навистина стигнавме до апсурд кога „голем скандал“ во државата станало тоа што моите полнолетни деца отвориле фирма законски, транспарентно и преку Централен регистар фирма која, меѓу другото, има регистрирана и дејност поврзана со градежништво. Според таа логика, секој млад човек што ќе регистрира компанија автоматски „ќе гради згради“. Очигледно, најголемиот грев денес е ако млад човек се обиде да стане претприемач наместо партиски вработен во јавна институција со добра плата.
Се создава „драматична приказна“ околу фирма што:
• нема добиено ниту еден тендер,
• нема склучено ниту еден договор,
• нема започнато никаква деловна активност.
Но, очигледно, некои медиуми и политички структури живеат од сензации и монтирање „афери“ таму каде што ги нема – со единствена цел да ја искриват реалноста и да ја дискредитираат мојата личност и мојата фамилија.
Да бидеме искрени: мојот „криминал“, според нив, е тоа што со задоцнување од само три месеци не сум го пријавил основањето на фирмата во Антикорупциска фирма која воопшто не работи, не заработува и не располага со јавни пари.
Според моето толкување на законот, со оглед на тоа што моите деца живеат одделно од мене, обврската за пријавување и не постоеше. Но, доколку ДКСК смета дека требало да биде пријавено тоа ќе го направам, со задоцнување од цели три месеци.
Зборуваме за скандали? Ајде:
• фирми со по двајца вработени добивале тендери од 9 милиони евра,
• 161 тендер биле доделени на една компанија во износ од 5,3 милиони евра,
• договори од 1,2 милиони евра во државни институции завршиле кај лица блиски до нови политички елити.
А мојот „криминал“? тоа што моите полнолетни деца основале фирма која нема ниту еден тендер, ниту една фактура, ниту една реализирана работа.
Толку е „страшен“ овој грев, што доволно е да се спореди со овие милионски зделки што внимателно се премолчуваат.
Кога немаат аргументи против мене почнуваат да ги напаѓаат моите деца. Тоа кажува многу повеќе за нив, отколку за мене.
Јас останувам доследен институциите нека работат, законот нека важи за сите. А монтираните сензации ќе останат на ниво на шпекулации и евтин сензационализам.






