Беџети за антикризните мерки: Владата да ги следи трендовите и да реагира на дневно ниво

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик Алдулменаф Беџети, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборувајќи за владиниот пакет-мерки за ублажување на последиците од економската криза, вели дека е навремен, иако можел да биде донесен и една недела порано.

Сепак, Беџети смета дека Владата треба секојдневно да ги следи трендовите и „ако е можно на дневна основа флексибилно да реагира со мерки“, а ги повика и сите други надлежни институции правовремено да реагираат.

„Дел од институциите треба да бидат пример за да ги повикаат граѓаните да бидат посвесни за воената состојба, бидејќи ова е последица на воена состојба. Фала му на Бога што немаме војна во целосна смисла на зборот, но економската војна некогаш удира исто толку и е болна како другата војна, со тоа што од овој аспект Владата овој буџет, како што знаете, од пред 3-4 месеци кога го кроеше, го кроеше со истакната фискална пруденција, во смисла дека кратеше многу потрошувачки позиции кои се непродуктивни, за да им покаже пример на другите. Но, не е доволно само Владата, има стотици и илјадници институции на државно ниво кои се буџетски корисници и кои со недоволна фискална пруденција оперираат и се одговорни, отчетни, транспарентни и ефикасни кон буџетските линии. Ова треба да го прави Владата и во зголемување на другите капацитети, во смисла на набљудувачки органи, пред се алудирам кај инспекторатите во овој аспект“,

истакна Беџети.

Тој истакна и дека „едно е да се дизајнираат, а друго да се применуваат мерките“, поради што смета дека малку институции имаат капацитет да вршат ефикасна контрола и мониторинг за тоа како се спроведуваат на терен.

„На пример, и на самите тие кои ги дизајнирале мерките мислам дека не им е јасно што претставува нето и бруто маржа, за да се соочат во реалноста. Од друга стрна, ние во овие ситуации немаме толку луѓе, набљудувачки структури кои можат да ги применат. И доколку немате можност да ги примените, подобро не ги правете, бидејќи тие прават дополнителни шпекулации“,нагласи Беџети.

Back to top button
Close