Беќири: Мораме да бидеме поагресивни
Фудбалерите на Шкендија утре го играат реванш дуелот од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Нивни домаќин е првакот на Азербејџан екипата на Карабах. На прес конференцијата тренерот на тетовчани Јетон Беќири изјави:
– Очекувам уште еден тежок натпревар. Карабах е квалитетен состав. Ние ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да постигнеме гол. На првиот дуел нашиот противник беше подобар ривал, а ние голот го примивме по наша грешка од пенал. На реваншот мора да бидеме поагресивни и повеќе да мислиме на напад.
Натпреварот Карабах – Шкендија се игра утре во Баку со почеток во 18 часот.