Беа тројца…Се огласи Сејдини по нападот

Синоќа во Скопје се случил физички напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

55-годишникот заедно со својот придружник по состанок во скопски ресторан биле нападнати на паркингот. Веднаш случката била пријавена во полиција и веќе е објавен записникот.

„На 27 септември 2024 година околу 18:40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите, по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Исто така, своето видување на ситуацијата го сподели и првиот човек на мак-фудбалот Сејдини, во разговор за „Клан Македонија“.

„Во моментов не можам да знам кој беа напаѓачите. Бев во ресторанот „Балканика“, а ситуацијата се случи кога заминував на паркингот. Тогаш бев нападнат од три лица. Фала му на Бога што минав лесно. Се надевам дека надлежните од МВР ќе преземат мерки и ќе го расчистат случајот“, изјави Сејдини.

Муамед Сејдини не е посериозно повреден и лесно минал по нападот од тројцата непознати сторители.

Back to top button
Close