Бебе и уште седум патници загинаа во Турција, автобусот во кој се возеле

Осум лица загинаа, меѓу кои и деветмесечно бебе, при сообраќајна несреќа која се случила во неделата рано наутро во Турција.

Автобусот, сопственост на компанијата „Памуккале Туризам“, удрил во заштитните огради на автопатот во провинцијата Денизли во 1:40 часот по локално време. Во него се наоѓале 38 патници и тројца членови на персоналот, кои патувале од Измир кон медитеранскиот град Анталија, пренесува АП.

Во несреќата се повредени околу 33 лица. Меѓу загинатите се и 50-годишниот возач на автобусот, како и таткото на бебето

Back to top button
Close