Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје
Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се роди женско бебе. Несекојдневното породување се одвивало во движење, само неколку минути по полноќ, а медицинскиот тим успешно го спровел процесот безбедно и професионално, пренесува штипската телевија „Стар“.
Д-р Даниел Кировски, кој бил дел од тимот, го сподели искуството на социјалните мрежи, нагласувајќи дека девојчето е родено здраво и силно, и дека мајката се чувствува добро.
„Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ“, напиша д-р Кировски. „Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.“
Тој истакна дека породувањето се одвивало без родилна сала, но со целосна посветеност и координација од страна на тимот, со што уште еднаш се потврдува важноста на итната медицинска помош во клучни моменти.
Мајката и бебето се во стабилна и добра здравствена состојба