Бебето кое почина на Детската клиника било предвреме родено, со ниска родилна тежина и донесено од Струмица со тешка сепса

Бебето старо осум дена кое починало на Детската клиника пред два дена било предвреме родено, со ниска родилна тежина, а на клиниката било донесено од Струмица со тешка сепса и во многу лоша здравствена состојба, соопшти за ТВ24 менаџментот на клиниката.

Од Клиниката тврдат дека медицинскиот тим направил се што е во нивна можност и дека бил обезбеден потребниот третман од одделот за интензивна нега.

„Се работи за прематурно бебе, со интраутерино страдање, ниска родилна тежина за возраста. Донесено е од Струмица после неколку дена со инфект дома, сите дома биле болни. Со закаснување донесено во тешка состојба, тешка сепса. Обезбедена е целосната нега и професионална грижа од Оддел за интензивна нега, но за жал кај бебиња со компромитиран имунитет, прематурни, раната сепса има висок степен на смртност“ – УК за детски болести.

Повеќе

Back to top button
Close