БЕГ ќе остане без лиценца за производство на топлинска енергија во Скопје

Регулаторната комисија за енергетика подготвува постапка за одземање на лиценцата на Балкан Енерџи Груп (БЕГ)- компанијата која ја произведува и го снабдува Скопје со топлинска енергија.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се подготвува да и ја одземе лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан Енерџи Груп (БЕГ). Оваа компанија има лиценца за снабдување на топлинска енергија до крајот на 2022, а за производство и дистрибуција уште 25 години, односно до 2047 година. Во РКЕ сметаат дека компанијата повеќе не ги исполнува условите под кои ја добила лиценцата за производство, дознава ДВ. Се очекува седницата на оваа тема да се одржи наскоро.

Руски газда со многу адреси
Кон средината на јануари годинава, кога многу граѓани се жалеа на студените радијатори, Адора излезе со соопштение со кое порача дека не е надлежна за дистрибуцијата на топлинска енергија во Скопје и ја префрли топката кај БЕГ. Десетина дена подоцна, на 21 јануари, државата го презеде управувањето со БЕГ и Топланата Скопје Север преку АД ЕСМ, откако од БЕГ се пожалија дека немаат средства за набавка на гас за производство на топлина. Пинг-понгот меѓу државата и БЕГ траеше неколку недели, а проблемите настанаа поради драматичниот раст на цената на гасот на светските берзи.

– Околу шест милиони евра ќе ја чини државата кризата со парното греење

Во изминатите години, набавката на гас за БЕГ одеше преку неговиот сопственик- АД ТЕ-ТО чија централа ја произведува топлинската енергија за Скопје и за поголемиот дел од државата, а фирмата се јавува и како трговец со гас. Но пред крајот на 2021, БЕГ соопшти дека нема пари за набавка на гас за следната сезона.

Компаниите ТЕ-ТО и БЕГ се во сопственост на руски бизнисмен преку фирми регистрирани на Кипар и Британските Девствени Острови. Сопственоста се менуваше од 2012 година, кога фирмата ги доби лиценците за снабдување, производство и дистрибуција на топлинска енергија, досега. Во моментов, според податоците во Централниот регистар, на чело на Управниот одбор на компанијата е Драган Наумовски, а Надзорниот одбор го предводи рускиот државјанин Алексеј Шишаков. Компанијата држеше околу 90 проценти од пазарот за топлинска енергија во државата

Back to top button
Close