Бегај го свика националниот совет за безбедност поради кибер-нападите

Албанскиот претседател Бајрам Бегај за денеска го свика Советот за национална безбедност, откако земјата веќе подолго време е под континуиран кибер-напад од Иран.

Најпрво, во средината на јули, беше нападнат државниот портал е-албанија, кој три недели не беше во функција.

На почетокот на септември беше нападнат системот ТИМС, кој ги врати рачните регистри на сите гранични премени, предизвикувајќи доцнења и долги редици на сите гранични премини.

Но, нападите во текот на септември не застанаа со толку. Хакери објавија дел од официјалните мејлови на поранешниот директор на државната полиција Гледис Нано, потоа списокот на 105 илјади лица осомничени за криминал, додека вчера беа објавени базите на податоци со податоците на сите вработени во државната полиција.

Премиерот Еди Рама тврдеше дека хакерите не дошле до важни податоци, но ИТ експерти предупредија дека состојбата е загрижувачка и оти е загрозена националната безбедност.

Back to top button
Close