Бегај и Мета му го честитаа премиерскиот мандат на Џафери

Албанскиот претседател – Бајрам Бегај, му честиташе на Талат Џафери за неговиот избор за премиер на техничката влада на С. Македонија.

– Најискрени честитки до новата техничка влада на Северна Македонија и нејзиниот премиер, Талат Џафери. И покрај временските ограничувања и овластувањата, оваа влада има предизвик и привилегија да спроведе слободни и фер избори, да ја одржи стабилноста и евроатлантскиот курс на земјата и да ја докаже способноста да биде инклузивна и кооперативна со сите фактори, без политичка и етничка разлика – напиша Бегај на Фејсбук.

Тој оцени дека Албанците се важен фактор за стабилноста и иднината на РСМ и оти „ова е случај да докажат дека лидерството го гледаат само во перспективата на интеграција на РСМ во ЕУ“.

И поранешниот албански претседател, актуелен лидер на Партијата на слободата – Илир Мета на Фејсбук му честиташе на Џафери, изразувајќи целосна увереност дека „под негово раководство новата Влада ќе преземе важни чекори за консолидирање на слободен и фер изборен процес“.

Back to top button
Close