Бегај потпиша уредба се која конститутивната седница на новиот албански парламент ќе се одржи на 12 септември
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, попладнево потпиша уредба, со која конститутивната седница на новиот парламент, што произлезе од изборите на 11 мај, ќе се одржи на 12 септември.
„Албанија се наоѓа во историски момент на својот пат кон членство во Европската Унија. Во исполнувањето на овој голем приоритет, Собранието има чест и обврска да биде претставник на визијата и аспирациите на Албанците за европска Албанија, напиша Бегај во објавата на Фејсбук.
Врз основа на деловникот за работа на законодавниот дом, првата седница ја отвора и ја води најстариот пратеник во парламентот.
Според податоците, најстариот пратеник во парламентот е лидерот на опозициските демократи, 81-годишниот Сали Бериша. Доколку тој одбие, тогаш следниот е друг демократ, Тритан Шеху (76) а ако и тој одбие тогаш на ред ќе биде социјалистот Васил Љајо (68), кој за првпат седнува на собраниско столче.
На првата седница по верификацијата на мандатите и полагањето заклетва, ќе биде избран претседател на парламентот. Кандидат за претседател може да предложат најмалку 15 пратеници, се избира без дебата и со тајно гласање со мнозинство гласови.
Повеќе од сигурно е дека социјалистите за оваа функција ќе ја предложат Елиса Спиропали, која прв човек во парламентот беше и во претходниот состав, од 30 јули минатата година, откако се повлече Линдита Никола, поради здравствени причини.
На 11-те парламентарни избори, по патот на комунизмот, 83 мандати обезбеди владејачката Социјалистичка партија, 50 изборната коалиција предводена од Демократската партија, три мандати Социјалдемократската партија, два Партијата на можности и по еден „Албанија станува“ и Движењето „Заедно“.
Од 140 пратеници колку што брои албанскиот парламент, за првпат избрани се 72 од нив, според полот 50 се жени.