Бегалецот Бајрами и Буњаку кој беше советник на Груби отстранети од Надзорниот одбор на Нова Државна Видео Лотарија
Компанијата „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје“, која се занимава со организирање на електронски игри на среќа, направила повеќе промени во своето раководство и седиште, објави порталот 4NEWS.mk.
Со одлука донесена на 28 јули 2025 година, од Надзорниот одбор се избришани Омер Буњаку, поранешен советник на првиот вицепремиер Артан Груби, и Пеприм Бајрами, кој е во бегство од 2024 година.
На нивно место се назначени нови членови: Стање Младенова, Наѓица Антоновска и Александар Андонов – сите со диплома по право.
Исто така, променето е и седиштето на компанијата, како и податоците за нејзиниот основач – фирмата „ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје“.
Овие промени се резултат на одлуки донесени на 15 јули, со кои компанијата прави реорганизација на својата структура и управување.
За Прпарим Бајрами и Артан Груби постојат меѓународни потерници