Беким Сали: Пред пикот на четвртиот бран сме, но со ковидот не сме никогаш на сигурно

Комисијата за заразни болести денеска заседава за состојбата со мајмунските сипаници во земјава, информираше министерот за здравство Беким Сали кој нагласи дека се уште во земјава нема ниту еден случај од оваа болест која сега покрај ковидот внесе паника во светот. Набавени се веќе и тестови за откривање на мајмунските сипаници, а ќе се набават и вакцини доколку е потребно.

Тој го објасни и предложениот план од Комисијата во случај на зголемен бран од ковид во Скопје кој предвидува отворање на 5 точки во главниот град каде ќе се прифаќаат заразени од ковид.

-Комисијата дебатира  и предлага план А, Б, Ц. Како здравствен систем се уште сме во жолта зона од пандемиајта. Предложено е во Скопје да се отворат 5-те амбуланти, но тие мерки ќе се преземат ако влеземе во зелена зона. Се зборува за пилот прва фаза во Скопје со пет точки со ковид амбуланти. Скопје располага со 553 тима, на примарно ниво. Доколку овие пет точки би држеле по две смени во текот на денот, секој ден,  по 6 часа излегува дека една амбуланта ќе има одговорни 100 тима за една амбуланта, тоа значи 50 дена е циркулација на еден тим. Еднаш на 50 дена шест часа, ние 6 часа трошиме на кафе во 50 дена. Зарем не траба позитивно да одговориме на една ваква мерка за заштита на населението од ковид. За мене таа е сосема е оправдана и потребана и Комисијата ќе каже кога ќе преземеме таква мерка, рече министерот.

Тој додаде дека има градови каде нема потреба од ваква мерка, но за Скопје е потребно бидејќи главниот град и сега според бројот на новозаразени е во црвена зона. Здравствен дом Скопје предвидел и 5 точки за брзо тестирање, ренген снимка и лаборатори и тоа ќе ни помогне за затапување на пикот кој ќе се појави во Скопје, рече Сали.

Центарот за јавно здравје Скопје ги зголемува термините за тестирање зависно од потребите, па има и по 100 термини на дневна база и постојано го зголемуват капацитетот, рече министерот и додаде дека се следи динамиката како што се зголемува бројката на новозаразени, така расте бројот на тестирања.

-Секојдневно имаме благо зголемување на новоинфицирани во државата. Ова е период на туризам, наши граѓани одат на странство и се враќаат странци кај нас. Овие движења се ризик за зголемување на бројот на  Скопје се уште е жариште, црвена зона во однос на новозаразени, новоинфицирани лица, но во однос на оптоварување на системот се уште сме во жолта зона. Помалку од 100 пациенти има во сите инфективни одделенија, се уште сме во жолта фаза од развојот на пандемијата. Од искуството на 4-те брана, кои траат секој бран по 8 недели, ние сме во третата односно идната недела во четвртиот бран пред пикот на новоинфицирани но со ковидот не сме никогаш насигурно, рече министерот.

Тој го повика населението со хронични болести да се вакцинира со трета и четврта доза доколку не го сториле тоа, за да се избегнат компликации, зошто во моментов нема пациенти кои се интензивна нега, ниту зависни од кислород. Но, не смее да дозволиме да се влоши оваа ситуација, нагласи тој и препорача сите кои се самотестираат да се изолираат превентивно дома 3 дена.

Новиот клинички центар што долги години се најавува останува приоритет и на министерот Беким Сали, дотогаш ќе се реновираат и адаптираат клиниките и ќе се подобруваат условите за работа на здравствениот персонал, вети тој. Во меѓувреме се реновираше Хируршки ургентен центар во склоп на УК ТОАРИЛУЦ Скопје и денеска свечено беше пуштен во употреба.

извор

Back to top button
Close