Бектеши и Ковачевски во официјална посета на Приштина
– Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска ќе престојуваат во официјална посета на Косово каде ќе остварат средба со
министерката за економија Артане Ризваноли.
За средбата, како што соопшти Министерството за економија, ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји, идните проекти и соработката во енергетскиот сектор.