Бектеши: Од денеска започнуваме со контроли на сите нафтени деривати

– На тој начин, не само што ќе се заштитат потрошувачите од манипулации, туку ќе се заштитува и животната средина. Како што најавивме минатата недела, ги собираме сите податоци за дистривуција на сомнителен мазут. Крајниот рок што им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме да ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби, наведе министерот.

Ако не се испочитувани процедурите, Бектеши најави дека документите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.

– Сите институции, почнувајќи од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија и Инспекторатот за животна средина имаат обврска во предвидените рокови да ги достават сите информации до Владата, објави Бектеши.

Министерот рече дека стандардите и прописите се усогласени со европската регулатива и дека нема да има компромиси кога се работи со здравјето на граѓаните.

Директорката на ДПИ вети дека максимално ќе биде посветена на контролата на горивата во внатрешниот промет.

– Инспекторите се тука подготвени и можам да им ветам на граѓаните дека задачата ќе биде успешно извршена, рече в.д.директорката

Back to top button
Close