Бектеши- Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година.

Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Back to top button
Close