Бектеши: Решавањето на енергетската криза не е лесна работа


Министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши изјави дека актуелната македонска Влада е целосно на линија со реформите и со политиките на Европската комисија во врска со енергетската транзиција и зелената агенда.

Говорејќи за подготовките кои ги презела македонската влада за менаџирање на актуелната енергетска криза, Бектеши посочи дека Северна Македонија има закон за енергетска ефикасност, кој се заснова на сите европски директиви, а ги исполнуваме и е во процес на исполнување на обврските кои ги презела како полноправна членка во енергетската заедница.

– Решавањето на енергетската криза не е лесна работа. Да потсетам дека е тоа глобална криза, со најголемо влијание на европскиот континент и треба да имаме предвид дека сме Европејци, не само по традиција и култура, туку и интегрирани како територија, бидејќи сме целосно интегрирани кога станува збор за линиите на трансимисија на енергијата, како и на инфраструктурата, наречена критична инфраструктура. Ние ќе работиме интензивно за да ги зголемиме и интензивираме сите овие линии, со цел да не бидеме зависни од Русија или од било кој, рече Бектеши<

Back to top button
Close