Бектеши: РКЕ располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар, а дали тоа го сториле согласно законот, ќе утврдат надлежните институции – Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција.

Според Бектеши, тие што ги исполнуваат условите имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар.

 

 

 

-Нивната листа не се крие. Но, јас кажав една основа врз која треба да се направи контрола од страна на УЈП и Финансиската полиција. Веќе е донесена таква одлука од наша страна за автоматски, согласно одлуката за прогласување кризна состојба каде што можеме како Министерство да им даваме права и обврски на сите носители на лиценци во делот на енергетиката за тие автоматски да бидат извадени од регулиран пазар, а тие што ги исполнуваат условите секако дека имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар. Обратете се во УЈП и во Финансиска полиција за да бидете навремено и соодветно информирани за сите постапки што тие ги преземаат, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.

Back to top button
Close