Бектеши- Се прават пресметки за да не поскапи струјата и од 1 јануари

 

Министерот за економија, Крешник Бектеши кажа дека се прават пресметки за да не поскапи струјата од 1 јануари

.

Министерот за економија, Крешник Бектеши кажа дека се прават пресметки за да не поскапи струјата од 1 јануари.

„ТЕЦ Неготино ќе работи кога ќе биде исплатливо да работи. Поевтино е во моментов да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино“, вели министерот.

Бектеши вели дека се прават калкулации за да се избегне поскапување.

„Ако мислите дека треба да произведеме струја со повисока цена, ќе го направиме тоа и нема да го штитиме Буџетот, но ние носиме одлуки во заштита на БУџетот и граѓаните кои ни се приоритет. Правиме пресметки за да нема поскапувања“, објасни Бектеши.

Back to top button
Close