Бектеши: Сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законите

Во однос на локалот кој немал лиценца за дејност, ние отворено и транспарентно кажавме за тоа, иако не беше наша надлежност. Тоа е одлука на инспекторатите. Сопствениците ќе одговараат согласно законите,  вели министерот за економија, Крешник Бектеши околу ноќниот клуб „Привилиџ“.

“Го известивме МВР дека локалот дека не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат. Сакам да ги повикам сите институции да го направат тоа. Утврдено е што значи ноќен клуб, што е кабаре, а што кафуле. Си има различни лиценци“, појасни министерот.

Бектеши тврди дека Државниот пазарен инспекторат ги презел сите мерки.

– И управителот и сопствениците ќе одговараат согласно законските одредби, потенцира Бектеши.

Back to top button
Close