Бектеши: Телевизии бојкотираат министри во владата со намера, за лични интереси, да извршат притисок врз нив

Министерот за економија Крешник Бектеши обвни дека дел од националните телевизии ги бојкотираат некои од министрите во владата со намера да извршат притисок врз нив за реализирање на лични интереси.

Тој рече дека има информации дека овие медиуми се под влијание на олигарси кои во минатото остварувале некои свои цели и тоа сакаат и сега да го постигнат преку влијание и притисок врз владата.

 

 

 

 

– Според моите информации, се работи за некои медиуми кои решиле да ги бојкотираат информациите кои излегуваат од дел од министерствата. Но, ова е демократија, а кој е во право, а кој не е, ќе одлучат граѓаните. Ова е своевиден притисок до владата за да постигнат некои лични финансиски интереси, но и за некои интереси кои нив ги обединуваат. Нивната цел е да влијаат врз владините одлуки. Оваа Влада, а и Министерството за економија, нема да потпаднат под овој притисок со цел да се влијае врз некои институции, за да остварат некои свои интереси – рече Бектеши

Back to top button
Close