Бектеши за Алсат: Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има

Освен можноста за рестрикции која многу ги засега граѓаните, Бектеши, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, посочи и за кого до крајот на годинава нема да има покачување на цената на струјата

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има со цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во вечерашното гостување на телевизија „Алсат“ порача дека Владата ја следи ситуацијата.

„Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира  во увозот на струја“,рече Бектеши.

Најави дека уште на првата владина седница, која треба да се одржи во вторник, ќе предложи да се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор.

„Утре и во петок ќе имаме средба со членовите на Комисијата предвидена во рамки на Уредбата за прогласување кризна состојба. И јас како министер за економија на првата владина седница, која се предвидува да се одржи во вторник, ќе и предложам на Владата да ја прогласиме оваа состојба“,рече Бектеши.

Колку средства од буџетот, ќе бидат трансферирани за енергетските компании ќе се знае утре или задутре кога, како што рече Бектеши, ќе се направат конечните анализи.

Освен можноста за рестрикции која многу ги засега граѓаните, Бектеши, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, посочи и за кого до крајот на годинава нема да има покачување на цената на струјата.

„До крајот на годината нема да има покачување за домаќинствата и малите корисници на електрична енергија, каде вообичаено се вклучени малите компании“,рече тој.

 

Back to top button
Close