Бектеши-За струја по поевтина цена, компаниите да ја достават потребната документација до утре

Според одлуката која ја донесе Владата, дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта можат да склучуваат договори со ЕСМ за снабдување со поевтина електрична енергија, почнувајќи од 1 декември

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги повика компаниите кои се предвидени во владината мерка, да ја поднесат потребната документација за снабдување со поевтина електрична енергија преку „ЕСМ продажба“. Рокот за поднесување на потребните документи, додаде Бектеши, истекува утре.

Околу илјада компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација“,рече Бектеши.

Според одлуката која ја донесе Владата, дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта можат да склучуваат договори со ЕСМ за снабдување со поевтина електрична енергија, почнувајќи од 1 декември.

Целта на одлуката, како што посочија од Владата, е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период.
За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес.

За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи.

 

 

 

 

Back to top button
Close