Бектеши за ТВ21: Чест ми е што сум министер на Северна Македонија и ги застапувам сите граѓани и етникуми во државата

 

Вака одговори министерот за економија Крешник Бектеши на ТВ 21 на прозивките во јавноста и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на прес-конференција за време на посетата на Тирана дека тој не е македонски министер, туку Албанец, министер на Северна Македонија
Чест ми е што сум министер на Република Северна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапувам сите граѓани во државата и сите етникуми. Вака одговори министерот за економија Крешник Бектеши на ТВ 21 на прозивките во јавноста и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на прес-конференција за време на посетата на Тирана дека тој не е македонски министер, туку Албанец, министер на Северна Македонија.

„Што се однесува до мојата изјава јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600 000 илјади Албанци живеат во Северна Македонија. Колку што Северна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните“,изјави вечерва Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Back to top button
Close