Бектеши: За ваучерите „Дома си е дома“ пристигнати преку 30.000 мејлови, но не се сите поплаки

До денеска во Министерството за економија се пристигнати над 30.000 мејлови за ваучерите „Дома си е дома“. Меѓу нив има и поплаки, а речиси половина од граѓаните апликанти не доставиле меил на кој би го добиле ваучерот што им е веќе одобрен.

-До денеска имаме добиено над 30.000 мејлови, но тоа не се само поллаки. Од 117.000 ваучери што ги испративме до сите граѓани, речиси половина немале доставени меил адреси до УЈП иако со внесување на матичниот број во Платформата да видат дека се добитници, но треба дополнително да стават и меил па согласно кодовите, да им ги пратиме и ваучерите. Не се полаки сите пристигнати мејлови, голем број се мејлови од граѓани кои добиле ваучер, но не доставиле меил. По доставувањето меил, ќе им бидат пратени ваучерите, информира министерот Крешник Бектеши.

Бектеши уште еднаш напомена дека угостителските објекти кои не ги исполнуваат условите, не ќе може да ги корисат картичките, а инспекциите ќе постапуваат согласно законот и ќе преземаат соодветни мерки. Негова оценка е дека токму со ваучерите кои ќе може да се користат само во регистрирани хотели и угостителски објекти што издаваат фискалани сметки, но и со засилените инспекциски контроли, ќе се придонесе за сузбивање на сивата економија.

Back to top button
Close