Бектеши: Засега немаме информации дека би можел да се случи ценовен шок

Иако граѓаните секојдневно се жалат за поскапувањето на цените, министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека тој засега нема информации кои укажуваат дека би можел да се случи ценовен шок.

-Ние веќе ги правиме сите анализи, во момент кога ние ќе предвидиме дека може да има ценовни шокови навремено ќе ја известиме јавноста. Во моментот немаме такви податоци дека тоа може да се случи, и како што сме направиле пред една година ќе направиме пак во делот на преземање соодветни мерки согласно Законот за трговија и надлежностите што ги има Министерството за економија, изјави Бектеши.

На забелешката на новинарите дека потрошувачката кошничка за една година е зголемена за илјада денари, Бектеши истакна дека во предвид треба да се земе и тоа што платите биле зголемени.

-Согласно механизмите, за да се донесат такви мерки и во делот на домашното производство, секако дека директно можеме да влијаеме во делот на цената. Но, дали домашното производство може да ги покрива потребите на нашите граѓани за одредени производи? Ако тоа не може да се исполни тогаш секако дека ќе интервенираме во делот на замрзнување на цените при производи кои се увезуваат во нашата држава како што направивме пред една година. Значи, можеме да ги намалиме маржите согласно фактурите кои се доставуваат при увоз, а секако и во делот на голема и на мала трговија можеме да ги намалиме маржите и за маркетите и за малите и за големи или слично. Тоа веќе сме го направиле, речиси сме единствената држава во време на пандемија која имаше вакви мерки, истакна Бектеши.

Back to top button
Close