Бела куќа: Прв состанок на Бајден со министерскиот кабинет

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја оддржува својата прва средба со министерскиот кабинет, во време кога неговата администрација го промовира планот за развој на инфраструктурата вреден две милијарди долари, со надеж дека ќе биде одобрен од Конгресот. 

Состанокот со министрите доаѓа една недела откако Сенатот го утврди и последниот член на новиот кабинет, по инаугурацијата на Бајден годинава на 20 јануари. 

Како што денеска соопштија од Белата куќа, на средбата ќе земат учество 25 службеници, вклучително и потпретседателот и министрите на разни органи како Министерството за одбрана, Стејт департментот и Министерството за финансии. На средбата учествуваат и други високи официјални лица, како директорот на Националното разузнавање. 

Средбата ќе се оддржи не во салата за средби со министерскиот кабинет туку во Источнaта соба, каде има повеќе место за почитување на социјална дистанца. Сите учесници ќе носат маски. 

Покрај инфраструктурниот план, администрацијата работи на промоција на веќе усвоениот закон за економска помош во време на пандемија. Пакетот, потпишан од Бајден минатиот месец, е во висина од 1.9 трилиона долари и вклучува директни исплати за многу домаќинства, помош за бизнисот и локалните власти. 

Back to top button
Close