Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Саудиска компанија ќе инвестира дваесет милијарди долари за изградба на инфраструктура поврзана со вештачка интелигенција во САД, објави денеска Белата куќа, додека претседателот Доналд Трамп е во Ријад како дел од неговата турнеја на Блискиот Исток.

Саудиската фирма DataVolt „продолжува со своите инвестициски проекти во износ од 20 милијарди долари во центри за податоци и енергетска инфраструктура поврзана со вештачката интелигенција“, објави Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша серија договори за економска и билатерална соработка со неговиот саудиски домаќин, принцот Мохамед бин Салман, денеска во Саудиска Арабија, на почетокот од четиридневната турнеја на Блискиот Исток.

Меѓу другото, беше објавено дека Саудиска Арабија ќе купи најсовремена воена опрема од САД во вредност од 142 милијарди долари.

Компанијата Data Vоlt објави и технолошки договори со вкупна вредност од 80 милијарди долари, меѓу кои се Google, софтверските компании Oracle и Salesforce или полупроводничкиот гигант

Back to top button
Close