Белата куќа ја повика Кина да не спроведува одмаздничка конзуларна акција

Вашингтон, 24 јули 2020 (МИА) – Белата куќа денеска ја повика Кина да не спроведува одмаздничка акција, со наредбата за затворање на американскиот конзулат во Ченгду како одговор на затворањето на кинескиот конзулат во Хјустон.

-Ние го затворивме Генералниот конзулат на Кина во Хјустон за да ја заштитиме американската интелектуална сопственост и приватните информации на Американците, рече портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон еАлиот, пренесен од британските медиуми.

Елиот ја повика ККП (Комунистичката партија на Кина) да престане со овие злобни акции и да не спроведува „одмазда за одмазда“. сд/

Back to top button
Close