Белата куќа „многу оптимистична“ за мировен договор во Украина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп гледа „многу оптимистички“ на изгледите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.

– Владата се чувствува многу оптимистички, истакна Левит. „Вчера (…) имаа многу добри разговори со Украинците на Флорида, додаде портпаролката на Белата куќа.

Украинската делегација беше предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, додека американската страна ја предводеше државниот секретар на САД, Марко Рубио.

По консултациите, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „добри шанси“ за постигнување договор за прекин на војната.

Back to top button
Close