Белата куќа му се налути на „Амазон“ по наводите дека планира да ги објавува трошоците од царините на Трамп

На прашање од новинарите за неговиот телефонски повик до Безос, американскиот претседател, Трамп рече дека милијардерот, кој се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“во 2021 година, го решил проблемот.

EPA-EFE/KENNY HOLSTON / POOL

Белата куќа вчера упати предупредување до основачот на „Амазон“, Џеф Безос, откако беше објавено дека малопродажниот гингант планира да споделува детали со своите клиенти во врска со трошоците за тарифите што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа светските медиуми.

По, условно кажано, нападот од администрацијата на Трамп, компанијата соопшти дека ваква идеја воопшто не била разгледувана за нејзината главна платформа.

„Амазон“ соопшти дека само ја разгледувал можноста за детално прикажување на влијаниетот на тарифите за купувачите што ја користата платформата „Амазон хаул“, нискобуџетна страница компанијата ја лансираше во САД минатата година за да се натпреварува со „Шеин“ и „Тему“.

Според Би-би-си одлуката на Белата куќа да ја „нападне“ компанијата е индиција за притисокот што го предизвикуваат новите увозни даноци, а за кои аналитичарите велат дека ќе доведат до повисоки цени за потрошувачите и ќе ги зголемат шансите за рецесија.

На прес-конференцијата по повод првите 100 дена од мандатот на претседателот, Доналд Трамп одржана вчера, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит изјави дека разговарала со претседателот за потегот на „Амазон“ и рече дека тоа претставува „уште една причина зошто Американците треба да купуваат американска стока“.

„Ова е непријателски и политички чин од страна на ‘Амазон’. Зошто ‘Амазон’ не го направи ова кога администрацијата на (Џо) Бајден ја зголеми инфлацијата на највисоко ниво за 40 години?“рече Левит.

Трамп најави зголемување на царините за увозот во САД откако повторно ја презеде власта во јануари годинава, мерки за кои тврди дека ќе го поттикнат производството во земјата и ќе ги зголемат даночните приходи за САД.

Дури и по повлекувањето на некои од неговите првични планови овој месец, најавите на Трамп доведоа до тоа многу странски увозни производи да се соочат со нови давачки од најмалку 10 проценти, додека производите од Кина се соочуваат со даноци за увоз од најмалку 145 проценти.

Мерките предизвикаа остар пад на трговијата меѓу двете земји и ги зголемија стравувањата од шокови во снабдувањето и недостиг на голем број производи кои доаѓаат од Кина.

Некои компании веќе почнаа да објавуваат детални податоци на своите клиенти за трошоците поради тарифите , а „Шеин“ и „Тему“, познати по бизнис моделите што испорачуваат директно од кинеските производители до клиентите, се меѓу онлајн платформите што веќе објавуваат зголемување на цените на производите.

Според аналитичарите, трговците речиси поливина од продавачите на „Амазон“ се трговци од Кина.

Планот на „Амазон“ да за објавување детални податоци за влијанието на царините врз клиентите првпат беше објавен вчера од „Панчбоул њуз“, повикувајќи се на анонимен извор.

Прашан за извештајот, портпаролот на „Амазон“, Тим Дојл, потврди дека компанијата ја разгледала идејата за наведување на увозните давачки за одредени производи на својата платформа „Амазон хаул“, но додал дека таа никогаш не била одобрена.

„Ова никогаш не беше одобрено и нема да се случи“, рекол тој во изјава за Би-би-си.

Од друга страна, извор запознаен со дискусиите во Амазон за ова прашање, изјавил дека тие биле поттикнати откако било прекинато слободувањето од царини на пратките од Кина чија вредност е помала од 800 долари.

Изворот рекол дека одлуката да не се ставаат во фокус новите трошоци не е одговор на предупредувањата кои вчера дојдоа од Белата куќа.

Сепак, на прашање од новинарите за неговиот телефонски повик до Безос, американскиот претседател, Трамп рече дека милијардерот, кој се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“во 2021 година, го решил проблемот.

„Џеф Безос беше многу љубезен. Беше одличен. Го реши проблемот многу брзо. Постапи правилно. Тој е добар човек“,рече Трамп.

Инаку, „Амазон“ беше меѓу компаниите кои донираа пари за инаугурацијата на претседателот Трамп, а Безос на настанот стоеше зад претсдеталот заедно со Илон Маск, кој донираше милиони долари за кампањата на Трамп.

Back to top button
Close