Белата куќа соопшти дека Бајден “нема план” да ја посети Украина  

Прес-секретарот на Белата куќа, Џен Псаки рече дека американскиот претседател Џо Бајден „нема планови“ да отпатува во Украина оваа недела додека престојува во Европа на вонредни итни самити.

-Патувањето ќе биде фокусирано на продолжување на собирањето на светот за поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на претседателот Путин на Украина, но нема планови за патување во Украина, напиша таа на Твитер.

Петро Порошенко, поранешниот претседател на Украина, вчера изјави дека посетата на Бајден на Украина ќе биде „симбол на солидарност“.

Тој додаде дека посетата на американскиот претседател би била „исклучително исправен чекор за да се покаже дека целиот свет е заедно со нас против Русија.

Back to top button
Close