,,Белата палата” и имотот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат замрзнати, партијата не може да ги продава недвижнините, но ќе може да ги издава под кирија
,,Белата палата” и останатиот имот (68 недвижнини) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се уште останува замрзнат, односно партијата не може и смее да го продава, но од денеска ќе може да го издава под закуп, пренесе Фокус.
Денеска, Кривичниот суд, поточно судијката Даниела Алексовска Стојановска надлежна за случајот ,,Талир 2″, ја замени постоечката мерката за забрана за закуп, со нова мерка, забрана за располагање со средатвата од закупот. Ова значи дека партијата ќе може да го изнајмува имотот под кирија, но не смее да ги користи парите.
-Предлогот за укинување на привремената мерка за издавање под закуп се заменува со мерката, забрана за располагање со парите добиени од закуп, одлучи судијката Алексовска Стојановска.
На ваквата замена на мерките за обезбедување на имотот беше согласна и обвинителката Ленче Ристоска.
-Останувам на наводите искажани на записник, во кои се противам за укинување на привремените мерки за обрзбедување на имотот. Предлагам замена на мерката имотот да се става под закуп, односно истата мерка да се замени со привремена мерка, забрана за располагање со средства од закуп, со што би се задолжило сопственикот на имотот, средствата од закупот да ги уплаќа на посебна сметка и да не може да располага со нив се до завршување на кривичната постапка, истакна обвинителката Ленче Ристоска.
…
Повеќе