Белгија не сака мирно да и го предаде на Унгарија претседавачкиот мандат со ЕУ

На само еден месец пред истекот на претседавачкиот мандат на ЕУ, белгиското претседателство објави дека не сака мирно да го предаде претседавачкиот мандат на Унгарија коja според утврдената ротација треба да го преземе на 1 Јули.

Шефицата на белгиската дипломатија ги повика земјите членки на ЕУ да се одобри употребата на таканаречената “нуклеарна опција” со која ќе се спречи Унгарија да претседава со ЕУ поради континуираните блокади од страна на официјална Будимпешта на европските политики особено во однос на војната во Украина.

„Мислам дека треба да имаме храброст да донесуваме одлуки“, изјави Хаџа Лахбиб повикувајќи ја ЕУ „да оди до крај“ на нејзината процедура за цензура според член 7 – вонреден чекор што може да резултира со суспензија на гласачкото право на Унгарија.

Белгијците како и повеќе други земји членки сметаат дека претседавачкиот мандат на Унгарија доаѓа во најсензитивен момент за иднината на Европа. Главните одлуки за највисоките функции во ЕУ ќе се случуваат во наредните шест месеци, помошта за Украина и проширувањето доаѓаат на масата на Европскиот совет во јуни. Лидерите се повеќе се загрижени дека Будимпешта би можела да ја попречи агендата на блокот во критичен момент за Европа и светот.

Во меѓувреме во Унгарија во полн ек е кампањата за европските избори во која Орбан и неговата Фидез се промовораат како единствени спасители на Европа од војна обвинувајќи ги друите дека ја туркаат ЕУ во воен конфликт со Русија.

Според Лахбиб, Брисел треба да го надмине стравот од конфронтација и да ги активира најтешките делови од членот 7 – оние кои дозволуваат квалификуваното мнозинство да и ги одземе на земјата „одредени права кои произлегуваат од примената на Договорите кон предметната земја-членка“.

„Ова е момент на вистината“, рече Лахбиб. „Или ќе се соочиме со нашите одговорности, што бара политичка храброст и волја. Или поставуваме механизми што не функционираат. И затоа треба да избереме“.

ЕУ нема избор, смета таа: „Ако одиме до крај со овој механизам, тој мора да функционира“, додаде Лахбиб. „Ако не функционира, мораме да го реформираме. Тоа е иднината на Европската Унија“.

Борјан Јовановски

 

Back to top button
Close