Белгија: Од крајот на оваа недела само бремените жени приоритетни за вакцина

epa08818486 Military medic prepares to treat COVID-19 patient at Vesale hospital, in Charleroi, Belgium, 13 November 2020. Ministry of Defence since 10 November provided this COVID-19 unit with three doctors, seven ambulance nurses and a physiotherapist. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

 

Белгиските здравствени власти одлучија дека од овој четврток само бремените жени ќе бидат на приоритетна листа за вакцинација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со напредокот на кампањата на вакцинација Белгија од четврток ќе биде во можност да ги вакцинира сите, што значи дека списокот на ранливи категории како приоритетни отпаѓа, но се чува посебно место за бремените жени сепак, соопштија денеска здравствените власти.

Премиерот на Белгија вчера најави дека земјата веќе има вакцинирано 50 отсто од населението со барем една доза, само во текот на мај се аплицирани три милиони дози.

Здравствените власти го нарекоа овој напредок “фантастичен перформанс“.

Во овој момент 23,2 отсто од населението е вакцинирано комплетно, со сите потребни дози. А кампањата на вакцинација треба значително да се забрза во текот на јуни со достава на дополнителни четири милиони дози и отворање на нови локации со подолго работно време

Back to top button
Close