Белгискиот аеродром Шарлероа повторно ќе биде отворен од 15 јуни

– Иако сѐ уште нема одлука за отворање на границите во Белгија, аеродромот Шарлероа најави дека ќе отвори од 15 јуни, но со низа безбедносни мерки за патниците, јави дописничката на МИА од Брисел.

Патниците ќе мораат да носат маска што ги покрива устата и носот секаде во аеродромот и да почитуваат физичка дистанца.

Аеродромот ќе инсталира и шатор каде ќе се мери телесната температура на лицата кои сакаат да влезат, мерењето ќе го врши Црвениот крст.

Управата на аеродромот препорачува сите резервации да се прават преку интернет, вклучително и за паркингот. Аеродромот е затворен од 24 март поради пандемијата со новиот коронавирусот.

Белгиските власти сметаат дека начелно овие нови мерки минимум ќе чинат 170.000 евра.

Аеродромот планираше да отвори повторно на почетокот на мај, но мораше да ја одложи одлуката на барање на властите.

Back to top button
Close