Белингем им одговори на критичарите

Ѕвездата на Реал Мадрид по постигнувањето на голот на синоќешниот дуел со Монако им се обрати на критичарите. Англискиот репрезентативец беше на мета на критичарите дека „многу сака да пие алкохол и дека е чест гостин на ноќни клубови“.
– Имаш два избора или да плачеш и кукаш, или да прифатиш и уживаш. Направив мала шега, за навивачите, изјави Белингем.
Англичанецот беше меѓу играчите кои доби свирежи од трибините за време на првенствениот дуел со Леванте. Голот на Белингем беше негов прв во 2026 година.






