Белиот коњ како метафора за ноќна мора.му врати Груевски на Заев

Белиот коњ како метафора на ноќна мора – вака поранешниот премиер Никола Груевски му одговори неговиот наследник на Илинденска Зоран Заев, кој, коментирајќи ја одлуката на Апелација за враќањето на предметот „Таргет-Тврдина“ на повторно судење, се запраша што е следно Мијалков да стане Директор на АНБ а Груевски да се врати на бел коњ.

 

„Ова е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината.

– Advertisements –

Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.

За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата“, напиша Груевски на фејсбук.

Back to top button
Close