Белорусија побара информации од Јапонија за олимпијката Тимановскаја

Белоруската Амбасада во Токио упати денеска официјално барање до јапонските власти за информации околу својата атлетичарка Кристина Тимановскаја, која одби предвреме да ги напушти Олимписките игри и побара азил.

Тимановскјаја, која денеска требаше да настапи во трката на 200 метри, изјави претходно дека од белорускиот олимписки тим и било наредено да го прекине натпреварувањето и итно со комерцијален лет на компанијата „Туркиш ерлајнс“ да се врати во Минск.

Белоруската 24-годишна спринтерка тоа го одби и побара заштита од јапонската полиција, минувајќи ја ноќта во хотел на токискиот аеродром.

Според извештаите, Тимановскаја денеска ја посетила Амбасадата на Полска во Токио, а францускиот министер за европски прашања Клеман Бон рече дека „би било чест доколу Европа и одобри политички азил на белоруската атлетичарка“.

Паралелно со ова, чешката Амбасада во Токио соопшти дека е во процес на „интензивна комуникација“ со јапонските власти во врска со случајот на Тимановскаја и чека официјален одговор.

Back to top button
Close