Белоруската авио-компанија „Белавија“ до октомври мора да ги откаже летовите до осум европски земји

– Белоруската национална авиокомпанија „Белавија“ соопшти дека е принудена од денеска до 30 октомври да ги откаже летовите кон осум земји, вклучувајќи ја и руската енклава Калининград, поради европските забрани за прелетување и слетување.

Европската унија ги повика своите авиокомпании да ја избегнуваат Белорусија и нејзиниот воздушен простор откако Минск во неделата со воен ловец принуди авионот на ирски „Рајанер“ место во Вилнус, да слета во нивниот главен град, и притоа да го уапси белорускиот дисидент Роман Проташевич, кој од Атина патуваше во авионот. Од овие причини компанијата „Белавија“ мора до крајот на октомври да ги откаже летовите кон Варшава, Милано, Рим, Амстердам, Франкфурт, Берлин, Минхен, Хановер, Виена, Брисел, Барселона и Калининград.

„Жалиме што нашите патници се соочуваат со оваа ситуација од причини што се надвор од  контролата на нашата авиокомпанија и ветуваме дека ќе стори се што е можно да ја решиме“, соопшти белоруската авио-компанија.

„Белавија“ претходно соопшти дека и е забрането да лета за Литванија, Летонија, Франција, Шведска, Велика Британија, Финска, Чешка и Украина.

За потсетување, авион на „Белавија“ што вчера леташе за Барселона беше вратен во Минск откако полската Контрола на летање му јавила дека нема да смее да влезе во францускиот воздушен простор. „Ер Франс“ подоцна откажа лет од Париз за Москва затоа што Русија не одобри коридор за да го избегне белорускиот воздушен простор, јавуваат британските медиуми.

Back to top button
Close