Белоруските власти почнаа да ги ослободуваат приведените демонстранти

Според очевидци голем број од ослободените демонстанти имаат видливи повреди. Приведените граѓани тврдат дека биле држани во нехумани услови и биле малтеретирани од полицијата.

Во повеќедневните протести во Белорусија загинаа најмалку две лица, а над 6.700 луѓе се приведени.

Во меѓувреме белорускиот министер за внатрешни работи Јуриј Карајев им се извини на граѓаните.

– Преземам одговорност и се извинувам за повредувањето на граѓаните, изјави Карајев.

Во меѓувреме, соработничката на претседателската кандидатла Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова упати апел до градоначниците да организираат мирни протести

– Сите градоначалници во Белорусија на 15 и 16 август би требало да организираат протести во сите градови. Да се слушне гласот на народот и нивното мислење, но на мирен начин, истакна Колесникова.

Back to top button
Close