Белоруското МНР тврди дека има докази за странско мешање во земјата

– Белорусија е подготвена за конструктивен дијалог со странските партнери и може да обезбеди убедливи факти за странско мешање во актуелната ситуација во земјата, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.

„Ние предлагаме објективно и без емоции да се разбере што, како и зошто се случува денес во Белорусија. Ние сме подготвени за конструктивен и што е најважно – објективен дијалог на оваа тема со сите странски партнери. Ние сме подготвени да презентираме непобитни факти кои ја откриваат позадината на тековни настани, вклучително и интервенција од странство“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Белоруското МНР го оквалификува како неприфатливи изјавите на серија европски лидери за претседателските избори во земјата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close