Белоусов: Руската војска е борбено најподготвена во светот

Руската војска е борбено најподготвена во светот, изјави денеска рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов.

 

– Во пресрет на новогодишните празници, вообичаено е да се оцени изминатата година. Во 2025 година продолживме да ги унапредуваме борбените способности на нашите вооружени сили. И денес со сигурност можеме да кажеме дека руската војска е најспособната во светот. Таа во пракса докажува дека е способна да го обезбеди суверенитетот на земјата, рече Белоусов, пренесе Тас.

 

Белоусов изјави дека во текот на „специјалната воена операција во Украина“, како што Москва ја нарекува војната, руските војници и офицери покажуваат вистински „професионализам, самопрегор и храброст“, како и дека „херојски се борат за својата татковина“.

Back to top button
Close