Бен Једер може да се пресели во Манчестер jунајтед

Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер, ова лето може да се пресели во Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ внимателно ја следат ситуацијата на 30-годишниот Французин во тимот кој се соочува со финансиски проблеми и може да се раздели со играчот, пренесува „ESPN“.

Договорот на Бен Једер со Монако трае до летото 2024 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 40 милиони евра.

Минатата сезона, Французинот постигна шест голови и една асистенција на 10 натпревари во Лига 1.

Back to top button
Close