Бендевска и Минчев ја донесоа „националната платформа“ на ЗНАМ во „белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ


Партиска делегација од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска го достави текстот на „Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии“, која се состои од девет точки, до партнерот во власта, ВМРО-ДПМНЕ, информираше партијата.

Во состав на делегацијата, како што наведуват од Движењето ЗНАМ, беа генералниот секретар Горан Минчев, потпретседателката Весна Бендевска и потпретседателот генерал Павле Арсоски.

-Движење ЗНАМ- За наша Македонија, ни ја достави на разгледување и анализа Националната платформа за македонското национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии, во насока да ги усогласиме ставовите за Платформата, со цел за создавање национален консензус околу клучните национални интереси на државата на внатрешен и надворешен план, за остварување на заедничката стратешка цел, членство на Македонија во ЕУ, информираше на социјалните мрежи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Back to top button
Close