Бенфика работи на трансфер на Кавани

 Поранешниот напаѓач на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани е интересен за Бенфика, потврди тренерот на португалскиот клуб Жорже Жезус.

– Претседателот на клубот прави сè за да се случи овој трансфер, изјави Жезус за клупската телевизија.

Тренерот истакна дека трансферот на 33-годишниот напаѓач не е лесен од финансиски аспект.

Во ПСЖ, Уругваецот заработуваше 12 милиони евра годишно.

Минатата сезона, Кавани во Лига 1 постигна четири гола на 14 натпревари.

Back to top button
Close